6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJD.com можеби ќе го превземе кинескиот бизнис на Wal-Mart?

JD.com можеби ќе го превземе кинескиот бизнис на Wal-Mart?

ebd8

„Wal-Mart Stores“ преговара да ја продаде својата кинеска платформа за онлајн трговија „Yihaodian“ на втората по големина компанија за електронски продажба во Кина, „JD.com“.

Специфичните параметри на предложениот договор не се познати, а преговорите се уште „лебдат“, но според изворите може да се дојде до поголемо партнерство меѓу „Wal-Mart“ и „JD.com“.

„Wal-Mart“ презеде целосна контрола врз „Yihaodian“, помал конкурент на „Alibaba Group Holding“ и „JD.com“, во минатиот јули. Целта на компанијата и беше да го зајакне своето присуство на брзорастечкиот онлајн пазар во Кина.

Здружувањето со „JD.com“ би можело да и донесе на „Wal-Mart“ поголеми шанси токму на овој пазар и да ја промовира продажбата во нејзините офлајн продавници.

„JD.com“ која доби репутација на место од кое може да се купува брендирана електроника, се обидува да ги зголеми предлози, додека продолжува да се натпреварува со постариот играч на пазарот – „Alibaba“, кој стои зад двете онлајн продавници „Taobao“ и „Tmall“.

Во моментов од „JD.com“ и „Wal-Mart“ одбиваат да коментираат во врска со ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП