6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens и Gamesa го здружуваат бизнисот со ветер

Siemens и Gamesa го здружуваат бизнисот со ветер

veternicite 353

Германскиот индустриски гигант „Siemens“ и шпанскиот производител на ветерни генератори, турбини и централи „Gamesa“,од кој една петтина се сопственост на концернот „Iberdrola“, ќе го спојат бизнис со ветерот. Двете компании ги објавија плановите да создадат светски лидер за изградба на ветерни паркови, соопштува „Ројтерс“.

Заедничко вложување ќе ја надмине дури и данската „Vestas“, која оперира на пазарите на Северна Америка и Европа, како и на брзорастечките пазари како Индија, Мексико и Бразил.

„Финалните детали треба да бидат одобрени, откако беше постигнат принципиелен договор“, објави шпанската компанија.

„Siemens“ е водечки лидер на пазарот со континенталните ветерни извори, но релативно слаб од гледна точка на крајбрежните.

„Gamesa“ од своја страна е посилна на пазарите во развој, особено во Латинска Америка, каде ќе ги прошират своите бизнис, откако шпанската влада ги намали субвенциите за производителите на чиста енергија во 2013-та година.

Уште во јануари двете компании објавија дека разговараат за евентуално спојување на бизнисот, но преговорите беа прекинати поради стравувањата поврзани со постојното заедничко вложување „Adwen“ меѓу „Gamesa“ и француската државна енергетска компанија „Areva“.

Според податоците на „Bloomberg“ сепак евентуалната заедничка компанија нема да биде лидер. Двата производители би располагале со комбинирана инсталирана ветерна моќност од 60 гигавати, додека најголемиот производител „Vestas Wind Systems A / S“ ќе има 68 гигавати, покажуваат податоците на „Bloomberg Intelligence“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП