18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвите гласини за Samsung Galaxy S8

Првите гласини за Samsung Galaxy S8

os33

Гласините кои пристигнуваат од Кина, почнуваат да ја цртаат сликата на заменикот на смартфонот од највисока класа – „Samsung Galaxy S7“.

Според нив моделот „Galaxy S8“ ќе дојде со нова двојна камера, која се развива од јужнокорејскиот производител „SEMCO“. Се очекува смартфонот да е со „UHD“-екран или таков со резолуција од 3.840 х 2.160 пиксели и заситеноста од 806 точки на инч. Ова ќе му овозможи да обезбеди подобри опции за виртуелна реалност.

За споредба, сегашниот модел од серијата „Galaxy“ е со дисплеј со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели. Можно е компанијата да достигне уште подалеку и да го претстави уред со дипслеј на преклопување, според некои пазарни набљудувачи.

Во однос на чипот, се споменува дека тој ќе е со новиот, се уште непретставениот „Snapdragon 830“, па така повторно ќе биде меѓу првите уреди на пазарот со овој процесор. Очекувањата се дека моделот може да дојде со 128 GB, особено ако од „Apple“ претстават слична варијанта на популарниот „iPhone“.

Многу е можно новиот „S8“ да дојде и со два предни звучници. Иако квалитетот на звукот при овој модел е многу висок, тој се уште има еден звучник. Тоа е едно од ретките насоки по кои „Samsung“ заостанува зад конкурентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП