6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNorilsk купи 10.000 унци паладиум од Централната банка на Русија

Norilsk купи 10.000 унци паладиум од Централната банка на Русија

paladium 00

„GMK Norilsk Nickel PJSC“ купил 10 илјади унци паладиум од Централната банка на Русија во првата набавка за фонд во вредност од 200 милиони долари, споделуваат за „Bloomberg“ лица, запознаени со процесот.

Според нив може да следат уште трансакции. Трансакцијата е склучена во пролетта, кога цените на паладиумот почнаа да се враќаат, тврди едно од анонимните лица.

„Norilsk“ е најголемиот производител на паладиум во светот. Компанијата го купува металот за фонд, чија цел е да се намали нестабилноста и да се зголеми пазарната позиција, се вели во соопштението објавено во февруари.

Од „Norilsk“ ја дискутираат можноста за купување на металот од Централната банка на Русија од 2014-та година, но преговорите беа замрзнати во почетокот на годината, кога цената на паладиумот дојде до 5-годишен минимум.

paladium 02

Од средината на јануари до крајот на април цената на металот скокна над 30% до 635,41 долари за унца. Ова е највисока цена од ноември 2015-та година. Од тогаш, сепак цената се спушти до околу 542 долари.

„Norilsk“ планира да потроши помалку од една третина, или 66 милиони долари за купување на паладиум за фондот во 2016-та година, коментира на 14-ти јуни главниот финансиски директор на компанијата, Сергеј Малишев.

Од Централната банка на Русија и „Norilsk“ одбиле да дадат коментар на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП