Новиот купе кросовер на „Mercedes“ пристигнува во европските продажни салони, а основната верзија во Германија ќе чини близу 50.000 eвра.
„GLC Coupe“ го преставува обидот на „Mercedes“ на пазарот да му биде конкурент на „BMW X4“. Автомобилот кој светска премиера имаше во април 2016-та, на саемот во Њујорк, долг е 4.730 mm, а висок 1.600 mm.
Oд „Mercedes GLC“ е подолг за 74 mm, но и понизок за 39 mm, додека двата модели делат исто меѓуосовинско растојание (2.870 mm). Поради закосените линии на покривот и задниот дел на возилото, багажникот е помал за 59 литри во споредба со „GLC“. Патниците ќе мораат да се задоволат со 491 литри багажен простор кој со преклопување на задните седишта се зголемува на 1.205 литри.
Во почетокот, купувачите ќе можат да одберат меѓу еден бензинец и два дизел агрегати. „Mercedes GLC 250 Coupe“ погон добива од бензинскиот мотор со 211 ks. Почетната цена на овој модел на германскиот пазар е 49.444 eвра.
Послабиот дизел, „GLC 220d Coupe“ ќе располага со 170 ks и ќе чини 49.980 eвра, a помоќниот, „GLC 250d“ произведува 204 ks и за него е потребно да се издвојат 51.289 eвра.
Моќта на тркалата стандардно се пренесува преку деветбрзинскиот автоматски менувач, а меѓу изборните опции е и системот за воздушна суспензија.