4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГласањето за Brexit ја „лади“ активноста на пазарот на спојувања и превземања

Гласањето за Brexit ја „лади“ активноста на пазарот на спојувања и превземања

bre eu33

Уделот на Велика Британија во активноста на пазарот на спојувања и превземања се распадна до рекордно ниско дно, бидејќи склучувањето на договори беше замрзнато во позадина на несигурноста околу членството на земјата во Европската унија (ЕУ).

Обемот на трансакции во кои учествуваат британски претпријатија забележа пад од близу 70% од почетокот на годината во споредба со истиот период на 2015-та година, откако се потрошени 57,6 милијарди долари. Нивниот удел од глобалниот пазар е само 4%.

Според податоците на „Thomson Reuters“ вкупниот износ на спојувања и превземања на глобално ниво се намали за 20% на годишна основа за периодот кој се споредува.

Одложувањето во споредба со 2015-та година кога Британија беше домаќин на многу големи аквизиции, вклучувајќи го купувањето на „Royal Dutch Shell“ за 52 милијарди долари на нафтената и гасна компанија „BG Group“. Најголемата трансакција склучена од почетокот на годината – спојувањето меѓу „London Stock Exchange Group“ и германската „Deutsche Börse“ за 21 милијарди фунти, не зависи од резултатот од референдумот во четврток.

Сепак акционерите на пазарните оператори ќе гласаат следниот месец, а аналитичарите веруваат дека евентуален „Brexit“ ќе и наштети на комбинацијата.

Капиталните компании исто така ја успоруваат финансиската активност во Европа, посочувајќи го гласањето на Островот како фактор „ладење“.

Апетитот за договори за спојувања и превземања на Стариот континент може да настрада значително, ако Британија избере да ја напушти ЕУ, сметаат 1.421 професионалци од секторот, анкетирани од „Intralinks“.

„При сценарио на напуштање мислам дека активноста на пазарот на спојувања и превземања во Европа ќе стане негативна“, коментира шефот на одделот за спојувања и превземања во „Citigroup“ за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, Вилхелм Шулц.

Европската активност на овој пазар, која обично зависи од активноста на Островот, е со пад од 24 отсто на годишна основа.

За споредба – одлуката за останување во рамките на економскиот и политички блок ќе се ослободи склучувањето на зделки, тврдат претставници на банкарските кругови, бидејќи компаниите ќе ги извршуваат своите планови, поставени пред гласањето.

Според други банкари наглиот пад во курсот на фунтата во случај на „Brexit“ може да го стимулира воодушевувањето со учество на британски компании, бидејќи мултинационалните компании може да имаат корист од поевтини британски средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП