19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 7 влегува во сериско производство?

iPhone 7 влегува во сериско производство?

sse3

Aмериканскиот технолошки концерн „Apple“ веројатно веќе заврши со дизајнот на својот нов „iPhone 7“ и уредот влегува во сериско производство. Тоа го соопшти познатиот новинар Стив Хемершофер, подобро познат по „Twitter“ профилот „@Onleaks“. Во принцип досега тој секогаш имал веродостојни на информации.

Според него производствената активност започнува освен во „Foxconn“ и во „Pegatron“, еден од претходните партнери на „Apple“ во производството. Станува збор за тајванската компанија, чиј поголемиот  од вработените се базирани во Кина. Според Хемершофер само 4,7-инчен верзија на „iPhone 7“ ќе се прави во фабриките на оваа компанија, додека „Foxconn“ добил договорот за производството на поголемиот модел на идниот смартфон со дијагонала на екранот од 5,5 инчи.

Информацијата не може да биде потврдена официјално, но имајќи ја предвид репутацијата на Хемершофер веста изгледа сигурна.

Инаку очекувањата се „iPhone 7“ да биде прикажан како по традиција, во септември.

Други шпекулации околу новиот уред на „Apple“ гласат дека компанијата ќе почне да вградува повеќе постојана меморија во новите модели. Според информации на „TrendForce“, новата генерација на „iPhone“ ќе има верзија со 256 GB меморија, а тоа ќе биде случај и со 4,7-инчниот „iPhone 7“, така и со 5,5-инчниот „iPhone 7 Plus“. Аналитичарите на „TrendForce“ сметаат дека обемот на оперативната меморија на „iPhone 7 Plus“ ќе се зголеми до 3 GB, додека „iPhone 7“ ќе има 2 GB RAM меморија – колку имаат „iPhone 6s“ и „iPhone 6s Plus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП