Овен (21.03 – 20.04)
После напорниот работен ден треба да им се препуштите на добрите вибрации. Меѓутоа, вашата амбициозност нема крај. Втората половина од денот ви донесува нови предизвици, затоа соберете енергија на време.
Бик (21.04 – 21.05)
Односот со саканото лице е како на раскрсница, но сеуште не е време да донесувате конечни одлуки. Дајте си и на себе и на партнерот доволно простор и време за да ја согледате ситуацијата од повеќе агли. Слободните ќе запознаат некоја важна личност.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Вашата глава секогаш е полна со оригинални идеи. Пронајдете начин како да им ги претставите на светот и како да ги реализирате. Партнерот ќе ве испрашува за вашите емоции и чувства, па не го одбегнувајте, одговорете му.
Рак (22.06 – 22.07)
Започнувате да чувствувате сладок вкус на успех, а со него и зајакнување на самодвербата. Она што до вчера ви се чинеше како залуден труд, денес е мудра деловна стратегија. Слушајте ја вашата иницијатива, таа во моментов ви е најдобар деловен сојузник.
Лав (23.07 – 22.08)
Полека закрепнувате од предизвикувачкиот почеток на денот. Ви се враќа физичката сила а со неа и духовната. Свативте дека морате да си помагате на себе за да им помогнете и на другите. Семејството и партнерот ќе бараат од вас покажување на желбите и чувствата.
Девица (23.08 – 22.09)
Овој ден едноставно треба да го преживеете. Финансиите не ви се блескави, а дополнително ќе ви се појави и некој стар долг. На работа се ќе се случува спротивно на очекуваното, но тоа не го сфаќајте како личен пораз.
Вага (23.09 – 22.10)
Исклучително сте креативни и постојано вадите нови идеи од ракавот на секој чекор. Не се плашете од новите нешта, потребно е да развиете нови проекти. Среќата ги следи храбрите, па и вас. Слободното време поминете го со забава, а не со работа.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Делувате привлечно и шармантно на својата околина, но тоа не претставува доволна гаранција за деловен успех. Ќе постојат спорни моменти во односот со соработниците. Ве привлекува комбинацијата од емотивни, страствени и интелектуални врски.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Очекувате позитивни одговори во решавањето на деловните прашања. Поради заеднички интереси поминвате преку ситни неправди кои постојат во односот со соработниците. Во љубовниот живот повеќе се наоѓате во фаза на идно планирање на животот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Посветете им внимание на приоритетните обврски и дозволете си квалитетен одмор како најдобар начин да акумулирате позитивна енергија. Во љубовниот живот лесно го губите интересот за една личност.
Водолија (21.01 – 19.02)
Важно ви е да напредувате на различни страни, но забележувате дека е неопходно да применувате проверки, и тоа почести. Порано или подоцна ќе морате да ги прикажете вашите емотивни сметки и да се соочите со блиските лица. Не му забранувајте на партнерот да се грижи каде сте.
Риби (20.02 – 20.03)
Важно ви е се да ви биде иделано, но имате впечаток дека ви недостасуваат основни информации за деловните прилики. За среќа, ве очекува ненадејна добивка. Делувате задоволно поради случувањата кои ве следат во љубовниот однос. Важно е правилно да ги вреднувате чувствата и постапките.