3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal има инвестирано 20 милијарди долари во ОИЕ

Total има инвестирано 20 милијарди долари во ОИЕ

FRANCE TOTAL JOBS

Француската нафтена компанија „Total“ има инвестирано 20 милијарди долари во областа на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и 1,5 милијарди долари во соларна енергија. Ова го објави извршниот директор на компанијата Патрик Пујан за време на бизнис појадок на Сбербанк со тема „Живот после нафтата“, која се одржа во рамките на Петербургскиот економски форум.

„Ние сме инвестирале во обновливи извори на енергија вкупно 20 милијарди долари, а само во опрема за соларна енергија – 1,5 милијарди долари“, изјави Пујан.

Тој ја рангираше „Total“ меѓу десетте компании кои направиле најголеми инвестиции во обновливи извори на енергија.

Во моментов француската компанија е насочена инвестициите кон батерии и акумулатори.

Според него компанијата ја смета обновливата енергија не како посебен бизнис, туку како единица од целиот синџир за создавање на приход.

Вистинскиот микс, според Пујан, е комбинацијата од извори, како гаста и ОИЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП