4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе за новиот Vivo X7, кој треба да биде претставен

Се за новиот Vivo X7, кој треба да биде претставен

vivo33

Koрисниците на смартфони со интерес ги следат вестите поврзани со претстојното излегување на моделот „Vivo X7“.

Информациите од компанијата продолжуваат со полна сила. Врз основа на нив, до сега е познато дека смартфонот ќе располага со 16-мегапикселна предна камера, посебно за „селфи“ фотографии.

Во прилог сензорот за отпечатоци, тој ќе се наоѓа на „хоум копчето“ наместо на задната страна на уредот, како што е кај повеќето уреди на пазарот во моментов. Смартфонот се очекува да е со 5.2 „FHD“-дисплеј и 4 GB внатрешна меморија.

За внатрешната меморија стана јасно дека ќе е од 64 GB. Батеријата е со капацитет од 3.000 mAh. Уредот сепак, ќе има процесор на „Qualcomm – Snapdragon 652“, наспроти претходните очекувања за процесорот „Helio X25“ од „Mediatek“.

Очекувањата се цената на моделот со 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија да е на ниво од 363 евра, а варијантата со 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија да е со цена од 443 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП