2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson под истрага поради сомневања за корупција

Ericsson под истрага поради сомневања за корупција

ericsson2

Шведскиот произведувач на опрема за мобилните телекомуникации Ericsson е под истрага на американските власти поради можни коруптивни дела поврзани со неговата филијала во Кина, објави шведскиот весник Svenska Dagbladet (SvD), повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот Svenska Dagbladet (SvD) на својата интерна страница ноќта кон петокот објави дека Американската комисија за хартии од вредност и берзи (SEC) и американското министерство за правда спроведуваат истрага во „Ericsson“ чии акции се во берзанските котации во Стокхолм и на американскиот технолошки пазар Nasdaq.

Во изјава преку електронска пошта, портпаролот на „Ericsson“ одбил да ги коментира медиумските написи, велејќи дека шведската компанија соработува со американските власти за да одговори на прашањата поврзани со нејзиното работење кое го добила во март 2013 година, пренесува Reuters.

„Како компанија со котизирани акции, секогаш одговараме на барањата за јавна објава на сите информации поврзани со настани кои би можеле да имаат материјални последици за компанијата, односно за нејзините финансии“, изјавил портпаролот на „Ericsson“.

Шведската компанија во 2013 година за медиумите потврди дека од американските власти добила барање за информации, посочил портпаролот. Според тогашните медиумски написи, американските власти тогаш спроведувале истрага за деловните практики на „Ericsson“ во Романија.

Во американското министерство одбиле да ги коментираат наводите на шведскиот дневен весник, а од службата за односи со јавноста во SEC не одговориле веднаш на барањето за коментар надвор од редовното работно време, наведува уште Reuters.

Резултатите од истрага на американските власти за можни коруптивни дела, би можеле да резултираат со различни казни за компаниите предвидени со американските соодветни закон.

Така, во февруари годинава мобилниот оператор „Vimpelcom“ се согласи да плати 795 милиони долари во спогодба со американските и холандските истраги поврзани за шемата за подмитување во Узбекистан. Речиси половината од таа сума се однесува на американските власти.

Шведскиот весник, исто така, објави дека поранешниот извршен директор на „Ericsson“ во Азија имал деловен интерес во еден од снабдувачите на компанијата, со што ги прекршил политиките на компанијата, но дека е нејасно дали тоа е дел од сегашната истрага.

Исто така, во SEC покажале интерес и за некои деловни договори кои ги склучил „Microwave Systems“, деловен огранок на „Ericsson“, кој е продаден во 2006 година, пишува Svenska Dagbladet.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП