3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛукоил размислува за продажба на фабриките во Европа

Лукоил размислува за продажба на фабриките во Европа

Finished_Tank_Farm

Претседателот на „Лукоил“, Вагит Алекперов најави дека компанијата размислува за продажба на фабриките во Италија, Бугарија, Романија и Холандија.

Претседателот на компанијата смета дека средствата можат да бидат продадени на делови, целосно или во посебна компанија по привлекувањето на инвеститори.

„Тоа се средства кои денес не се стратешки за нас. Сега се фокусираме главно на истражување и развој на нафтени и гасни наоѓалишта. Ова може да не охрабри да донесеме важни одлуки за судбината на нашите европски средства во иднина“, објасни Алекперов.

Во 2014-та година компанијата го продаде својот бизнис на мало во Источна Европа – 44 бензински станици во Чешка, 75 во Унгарија и 19 во Словачка.

Од компанијата најавија дека одлуката за продажба на средствата е донесена со цел да се оптимизира бизнисот во областа на нафтените производи.

„Лукоил“ има четири главни рафинерии во Европа – во Романија, Бугарија, Италија и Холандија.

Според последните информации, компанијата се откажува и од проектите во Саудиска Арабија.

„Донесовме одлука да се повлечеме од Саудиска Арабија“, изјави Алекперов за време на економскиот форум во Санкт Петербург.

Во 2004-та година, „Лукоил“ и Ријад склучија договор за 40 години за развој на гасни полиња во близина на најголемото нафтено поле во светот – Гавар. За реализацијата на проектот беше создадено заедничко вложување со државната нафтена компанија „Saudi Aramco“. Во него руската компанија поседува 80%, а саудиската – 20%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП