4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLeEco планира смартфон со 8GB RAM меморија

LeEco планира смартфон со 8GB RAM меморија

eco98

Кинескиот производител на електроника „LeEco“, до неодамна позната како „LeTV“, во моментов е еден од најбрзо растечките светски производители на смартфони.

Тоа не е случајно, бидејќи компанијата често беше меѓу пионерите на претставување на нови можности кај најпаметните уреди во светот со многу мала диференцијација меѓу производителите.

„LeEco“ исто така се потпира на далеку пониските цени, во споредба со оние на конкурентите, за привлекување на нови корисници.

Неслучајно, при претставувањето на најпроизводуваниот чип на пазарот во моментов „Snapdragon 820“, беше користен смартфон токму на компанијата. Кинескиот производител беше првиот кој оваа година претстави смартфон без традиционалниот аудио-приклучок, акција што се очекува да го следат и „Apple“ кај новата седма серија на „iPhone“.

eco99

Најпопуларните модели на „LeEco“ во моментов се „Le 2“, „Le 2 Pro“ и „Le Max 2“, а последниот се одликува со моќен хардвер, вклучувајќи го чипот „Snapdragon 820“, „QHD“-дисплеј, како и 6 GB RAM меморија. И ако 6 GB, кои повеќето од телефоните од највисока класа немаат во моментот, ви се гледаат малку, од компанијата планираат да го променат тоа. Деновиве се очекува да биде претставена новата верзија на „Le Max 2“, која ќе е со 8GB RAM меморија и новиот, сè уште не појавениот чип „Snapdragon 821“.

Ако тоа се случи, тоа е многу веројатно кинескиот смартфон да е со подобри технички карактеристики од очекуваниот „Galaxy Note 7“, кој се смета дека ќе има 6 GB RAM и процесор „Snapdragon 821“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП