16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКалифорнија ја престигна Франција како шеста економија во светот

Калифорнија ја престигна Франција како шеста економија во светот

opp

Калифорнија ја претекна Франција, како шеста економија по големина во светот, благодарејки на силниот економски раст и зајакнувањето на американскиот долар во однос на другите валути.

Најнаселената држава во САД, со бруто домашен производ од 2.500 милијарди долари, го претекна и погодениот од рецесија Бразил, пренесува њујоршката агенција “Bloomberg”.

“Ова е резултат на добриот економски раст на Калифорнија и јакнењето на американскиот долар во однос на другите валути”, изјави Ирена Асмундсон, главен економист во Министерството за финансии на Калифорнија.

Како што наведе, Калифорнија минатата година пораснала за 4,1 отсто, во споредба со целокупниот раст на САД од 2,4 отсто и од 1,1 отсто на Франција.

Према графиконот на калифорниското министерство, САД е најголема светска економија, на второ место е Кина, а на трето се наоѓа Јапонија.

Четвртата позиција и припаѓа на Германија, петта е Велика Британија, шеста Калифорнија, а седма е Франција. Потоа следи Индија на осмото место, а Италија и Бразил ги заокружуваат деветтото и десеттото место.

Калифорнија минатата година создала повеќе работни места од било која друга држава во САД, наведува њујоршката агенција, додавајки дека четири од 10-те најголеми компании во САД се наоѓаат во Калифорнија, меѓу кои се Алфабет и Фејсбук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП