2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung ја купува компанијата за облачни услуги Joyent

Samsung ја купува компанијата за облачни услуги Joyent

Samsung.Joyent

Јужнокорејскиот гигант „Samsung Electronics“ ја купува „Joyent“, со цел да ги прошири своите облачни услуги. Ова се случува во момент во кој најголемиот производител на смартфони во светот се обидува да открие нови извори на раст на приходите, надвор од хардверот, пишува „Bloomberg“.

Договорот ќе му помогне на „Samsung“ да изгради својата облачна инфраструктура, објави производителот на телефоните од серијата „Galaxy“ во соопштението, без да ја открива вредноста на трансакцијата. Оваа трансакција и дава на компанијата со седиште во Јужна Кореја да се стекне со сопствена платформа, која ќе ги поддржи нејзините мобилни и облачни услуги, како и оние поврзани со интернет на нештата.

„Samsung“ активно бара да се здобијат со развивачи на софтвер, вклучувајќи и такви кои се занимаваат со вештачка интелигенција, додека се обидува да се справи со продажбата на уреди која не расте, тврди извршниот потпретседател Ри Јин Јонг.

Раководството на компанијата се обидува да го намали нејзиниот фокус на производството, што и помогна да стане најголем производител на телефони, телевизори и чипови за меморија во светот.

Продажбата на смартфоните „Galaxy“ и на другите модели на „Samsung“ забележаа пад веќе втора година по ред во 2015-та година, додека „iPhone“ на „Apple“ доминира на пазарот на луксузни уреди, а моделите на „Huawei Technologies“ и „Xiaomi“ почнаа да ги привлекуваат луѓето кои бараат поевтини производи.

Приходите и профитот на „Samsung“ се намалија во две последователни години, а цената на нејзините акции – во три.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП