4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе враќа популарната музичка платформа Napster!

Се враќа популарната музичка платформа Napster!

napster 35353

Популарната платформа за размена на музика „Napster“ се враќа. Барем како име. Нејзиниот сопственик „Rhapsody“ ја купи во 2011-та година, кој сега се одлучи да се ребрендира.

„Napster“ беше формирана во 1999-та година, стана позната како местото за откривање и размена на музика, вклучувајќи и такви со нерешени авторските права. Само две години подоцна компанијата беше осудена и требаше да ја затвори целата мрежа. За овие две години, сепак „Napster“ имаше стекнато огромна популарност и нејзината технологија за размена на датотеки брзо беше копирана од многу други компании.

Неколку години подоцна „Napster“ се врати, овој пат како онлајн продавница за музика. Во тоа време смени неколку сопственици, а во 2011-та година ја купи „Rhapsody“.

Излегува сепак, дека името „Napster“ отвора доста повеќе врати од името „Rhapsody“. Покрај тоа, компанијата го задржа брендот во некои пазари како Канада. „Rhapsody“ така и не успеа да ја постигне популарноста на „Spotify“, на пример, иако е основана уште во 2001-ва година. Затоа компанијата сега ќе се обиде да привлече повеќе внимание со добро познатиот бренд на „Napster“, кој покрај многуте години се уште не е заборавен.

„Rhapsody“ не прецизира кога точно ќе заврши целокупното ребрендирање. Компанијата сепак ги смирува своите корисници дека тоа нема да доведе до никакви други промени во услугата и цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП