4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПретставен еден од најочекуваните смартфони - OnePlus 3 (фото+видео)

Претставен еден од најочекуваните смартфони – OnePlus 3 (фото+видео)

ptri 01

По многу шпекулации во врска со видот и карактеристиките на новиот смартфон „OnePlus 3“, тој конечно вчера беше претставен и ќе е може да се нарача од денес.

Уредот ќе се продава за 399 долари во САД, 309 фунти во Велика Британија и 399 евра во континентална Европа. Продажбата ќе е слободна, без да е потребна покана, како што беше при претходните две серии на моделот.

ptri 05

Продажбата ќе се спроведува од сајтот на компанијата, со почеток денес попладне. Експертите сепак очекуваат сајтот да „падне“ по почетокот на продажбата, поради големиот интерес.

Во однос на техничките карактеристики на уредот, тој ќе располага со 6 GB RAM меморија и процесор на производителот во лицето на „Snapdragon 820“. Инаку, смартфонот се карактеризира со 5.5 инчен оптички „AMOLED“ дисплеј со резолуција од 1080 пиксели и „Gorilla Glass 4“ стакло. Внатрешната меморија е 64 GB, која не може да се прошири со мемориска картичка.

ptri 03

Камерата е 16-мегапикселна на „Sony“ со сензор „IMX298“, оптичка стабилизација и автофокус. Предната камера е 8-мегапикселна повторно со сензор на „Sony – IMX179“. Камерата на предната страна има електронска стабилизација.

Батеријата на уредот е 3.000 mAh, што е малку под очекувањата. Оперативниот систем е „Android 6.0.1 Marshmallow“ – „Oxygen“ кој е преработен од компанијата. Телото на уредот е направено од јонизиран алуминиум и ќе биде достапно во две бои – графит и златна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП