21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовото Audi SQ5 тргнува по стапките на поголемиот брат

Новото Audi SQ5 тргнува по стапките на поголемиот брат

Audi SQ5 TDI plus

Прв детали за „надуената“ верзија на следната генерација „Audi Q5“ беа објавени од изданието „Autocar“. Според информациите кросоверот ќе ги следи насоките наведени од поголемиот „Audi SQ7“.

Сигурно може да се тврди дека новото „Audi SQ5“ со дизел мотор ќе биде помоќен од „SQ5 TDI plus“. Шефот на одделот за пренос на компанијата Оливер Хофман откри дека моторот на спортската верзија според теоријата ќе може да располага со околу 395 КС, што е за 55 КС повеќе од сегашниот „SQ5 plus“.

„Нашата основна задача сепак ќе биде претежно да успееме да ја зачуваме одличната управливост на возилото на патот и најмногу во свиоците. Тоа значи дека веројатно ќе треба да ја ограничиме моќноста на околу 370 КС“, коментира Хофман.

При спортската верзија на кросоверот ќе биде користена шемата, која дебитираше кај „Audi SQ7“. Најголемиот теренец на брендот беше опремен со електричен турбокомпресор. Тој му овозможува на моторот да има висок вртежен момент во целиот опсег на вртежи.

Покрај тоа, кај „Audi SQ7“ беше поставен и посебен електричен систем со 48-волтен акумулатор кој го напојува турбополначот, а исто така поднесува енергија за електронскиот асистент, кој го компензира навалувањето на каросеријата во свиоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП