Компанијата „Philips“ одлучи да воведе нешто ново во еднa типичнa секојдневнa навика, како што е чистењето на забите.
Таа ја претстави „паметната“ четка за заби, која со помош на збир на различни сензори го следи своето движење во устата на човекот и составува 3D мапа. На овој начин може да се подобри грижата за внатрешноста на устата, сметаат од „Philips“.
Новата четка за заби се нарекува „Sonicare FlexCare Platinum Connected“.
„Паметниот“ уред користи сензори кои го следат квалитетот на чистење на забите во реално време. Четката не само што е способна за ова, но ја памти и индивидуалната техника на чистење на забите. Акумулираните податоци се појавуваат во специјалната мобилна апликација, кон која четката се поврзува со помош на „Bluetooth“.
Апликацијата составува 3D мапа на внатрешноста на устата и му прикажува на корисникот при појава на проблеми со забите. Освен тоа добивате и совети за техниката на чистење на забите.
По секое миење на забите апликацијата прави анализа на постапката и нуди референца за нивната состојба. Освен тоа, во реално време пронајдокот на „Philips“ ви советува, ако сте заборавиле да исчеткате добро некој заб.
Како што велат креаторите на „Sonicare FlexCare Platinum Connected“, крајната цел на новиот производ е да им се помогне на корисниците да се грижат оптимално за забите.
Засега отсуствуваат информации кога производот ќе се појави пазарот и каква ќе биде неговата цена.