10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците донирале над 373 милијарди долари во 2015-та година

Американците донирале над 373 милијарди долари во 2015-та година

don usa 00

Во 2015-та година Американците дале рекордна сума за добротворни цели, пишува „MarketWatch“, повикувајќи се на извештајот на „Giving USA Foundation“.

Добротворни донации на поединци, фондации и корпорации се зголеми за околу 4% до 373,25 милијарди долари во 2015-та година, што е апсолутен рекорд. Тоа значи дека во просек секој ден Американците даваат над 1 милијарда долари за добротворни цели.

Најголем дел од вкупниот волумен на средствата за добротворни цели се обезбедува од страна на поединци. Нивните донации изнесуваат 264,58 милијарди долари во 2015-та година, што е за 3,8% повеќе во однос на претходната година.

don usa 01

Донациите во целина се зголемија на годишна основа. Фондациите донираа 58,6 милијарди долари, што претставува раст од 6,5%, а компаниите донирале 18,45 милијарди долари, што е за 3,9% повеќе во 2015-та година во однос на претходната. Добротворните тестаменти се 31,76 милијарди долари, што претставува раст од 2,1% на годишна основа.

Во последните години два фактори ја движат во нагорен тренд добротворноста во Земјата на неограничени можности – континуираната економска обнова и зголемувањето на личниот доход. Покрај тоа, за разлика од постарите генерации, младите денес се повеќе се склони да донираат и се ангажираат повеќе со добротворна работа, се наведува во извештајот.

„Фактот дека денес даваме повеќе отколку што сме имале во претходните децении, се должи на различни фактори, вклучувајќи на тоа дека Америка стана побогата земја“, објаснува Кит Кертис, претседател на фондацијата која го спровела истражувањето.

За што сепак Американците даваат пари?

don usa 02

Најголем дел од донации одат за верски каузи – 119,3 милијарди долари. На второ место се средствата донирани за образование – 57,48 милијарди долари, а на трето се за човечки услуги – 45,21 милијарди долари, од кои многумина одат во помош на луѓе со помалку можности.

Најмалку Американците донираат за животна средина и животни – 10,68 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП