4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook: Доколку не ја преземете оваа апликација, ќе ви исчезнат сите слики...

Facebook: Доколку не ја преземете оваа апликација, ќе ви исчезнат сите слики (видео)

fb j

„Facebook“ започна да ги предупредува своите корисници, кои правеле фотографии со помош на своите „iOS“ уреди дека тие албуми ќе исчезнат следниот месец, објави „TechCrunch“.

Функцијата на „Facebook“ за синхронизирање на фотографиите со „iOS“ е лансирана во 2012-та година, а на корисниците им беше овозможено автоматски да ги зачувауваат сите фотографии од своите уреди во приватни албуми под името „Synced“ или „Synced from Phone“. Идејата беше така корисниците полесно да ги пронаоѓаат и споделуваат фотографиите со пријателите на друштвените мрежи.

Корисниците сега добија електронски пораки и нотификации на „Facebook“ дека нивните албуми ќе бидат избришани на 7-ми јули и дека треба или да ги отстранат фотографиите или да ја инсталираат новата апликација „Moments“, па така да ги задржат на „Facebook“. Веднаш е забележан значителен раст во превземањето на оваа апликација, која за искачи на второто место на најпревземани бесплатни апликации на „App Store“.

Присилувањето за превземање на уште една апликација предизвика револт меѓу корисниците на „Facebook“, кои последен пат пред две години мораа да го инсталираат „Messenger“ за да продолжат со комуникација со пријателите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП