4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталијанскиот ресторан Osteria Francescana е најдобар на светот

Италијанскиот ресторан Osteria Francescana е најдобар на светот

restorani3884

Ресторанот „Osteria Francescana“ на свеченоста во Њујорк е прогласен за најдобар ресторан во светот поради своето „инвентивно приготвување на традиционалните италијански јадење“, во конкурсот во кој меѓу 50-те најдобри ресторани беше вброен и македонскиот ресторан „Бакал“ кај тетовска Брвеница.

На листата Најдобри 50 светски ресторани, победничкиот италијански, кој се наоѓа во Модена, го зазема првото место, додека второто му припадна на минатогодишниот победник, каталонскиот ресторан „El Celler De Can Roca“ во Гирона, а третото место го зазема „Eleven Madison Park“ во Њујорк.

„Амбициозните креации на шефот совршено го урамнотежува барањето на традицијата и современата ера“, велат составувачите на листата за Масимо Ботура, шеф готвач на „Osteria Francescana“.

Повеќето од половината од рестораните во првите 50 се наоѓаат во Европа. Шест се во САД, шест во Јужна Америка и пет во Азија.

Три ресторана отпаднаа од првите десет од минатата година. Така, лондонски „Dinner by Heston Blumenthal“ падна на 45 место, „Gaggan“ во Бангкок на 23 и D.O.M. во Сао Паоло на на 11-то место.

На свеченоста се доделени и поединечни признанија за шефовите. Наградата за животно дело му е врачена на француската гастро икона шеф Ален Пасар кој го води парискиот ресторан „L’Arpege“, додека наградата најдобар шеф ја доби Доминик Крен од „Atelier Crenn and Petit Crenn“ во Сан Франциско.

Вака изгледа листата на десетте најдобри ресторани во светот, како и минтогодишните позиции:

1. Osteria Francescana, Модена, Италија (2)

2. El Celler de Can Roca, Жиро, Шпанија (1)

3. Eleven Madison Park, Њујорк, САД (5)

4. Central, Лима, Перу (4)

5. Noma, Копенхаген, Данска (3)

6. Mirazur, Мaнтoн, Франција (11)

7. Mugaritz, Сан Себастијан, Шпанија (6)

8. Narisawa, Токио , Јапонија (8)

9. Steirereck, Виена, Австрија (15)

10. Asador Etxebarri, Атксондо, Шпанија (13).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП