25 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati Quattroporte за 2017-та година (фото+видео)

Maserati Quattroporte за 2017-та година (фото+видео)

mq 09

По три и пол години и преку 24.000 продадени автомобили, „Maserati“ ја освежи актуелната генерација на моделот „Quattroporte“.

mq 00

Луксузната лимузина која имаше премиера на почетокот на 2013-та, е заслужна за експанзијата на „Maserati“ која беше продолжена со лансирањето на моделот „Ghibli“, истата година. На половината од 2016-та, италијанскиот производител го претстави првиот редизајн на моделот „Quattroporte“.

mq 01

Кога станува збор за надворешноста редизајнирана е маската на ладилникот и предниот браник, кој доби нагласени отвори за воздух, па сега автомобилот има поагресивен изглед. Промените на задниот дел исто така го опфаќаат браникот, како и дифузорот.

mq 02

Во „Maserati“ тврдат дека со промената на екстериерот се подобрени аеродинамичките карактеристики на возилото за 10%.

mq 03

Редизајнирана е и командната табла, а купувачите на располагање имаат мултимедијален уред со голем 8,4 инчен екран, опремен со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ системи за поврзување. Нов дизајн добија и командите за клима уредот, како и долниот дел од средишната конзола меѓу возачот и совозачот.

mq 05

Mоторизацијата исто така е подобрена. Послабиот, 3.0 литарскиот „V6“ е збогатен со дополнителни 20 ks, па сега произведува 350 ks (257 kW), додека помоќната верзија на истиот агрегат и натаму развива 410 ks (302 kW).

mq 06

Oние кои се олучиле за топ моделот, како и досега може да сметаат на 3.8-литарски „twin-turbo V8“, кој е направен во „Ferrari. Моторот располага со 530 ks (390 kW), a максималната брзина на автомобилот е 310 km/h.

mq 07

Во понудата и натаму е 3.0-литарски „V6“ дизел агрегат со променлива геометрија на турбо полначот, кој е достапен во две верзии со 250 ks (184 kW) и со 275 ks (202 kW).

mq 08

Продажбата на редизајнираниот „Maserati Quattroporte“ ќе стартува во јуни, а купувачите ќе може да изберат два стилски пакети – спортски ориентираниот „GranSport“ и за нијанса поелегантниот „GranLusso“ дизајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП