3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMeizu M3S со скенер за отпечатоци

Meizu M3S со скенер за отпечатоци

m3s 00

По минатомесечното претставување на моделот „М3“, од кинеската компанија „Meizu“ oвој месец пристигнува подобрен „M3S“ модел. Главната предност на „M3S“ наспроти оргиналниот „M3“ е во металното куќиште, батеријата со поголем капацитет, како и сензорот за отпечаток на прстот.

Повеќето спецификации „M3S“ ги дели со обичната „тројка“, како што е процесорот „MediaTek MT6750 SoC“, 2, oдносно 3 GB RAM, како и 16, oдносно 32 GB интерната меморија. Големината и резолуцијата на „IPS“ екранот е исто така иста – 5 инчи и „HD“ резолуција (1.280 x 720).

Промена нема ниту во квалитетот на камерата, од предната страна исто така се наоѓа „селфи“ камера од 5 MP, a на задната страна е камера со резолуција од 13 MP, како што е и во случајот кај „M3“ моделот. Но, првата разлика (не сметајќи го металното куќиште) е видлива во капацитетот на батеријата која сега изнесува 3.020 mAh, што е за 150 mAh повеќе во однос на „M3“ моделот.

m3s 02

Понатаму, тоа што не е видливо со голо око, а е значителна промена е скенерот за отпечаток на прстот кој се наоѓа зад „Home“ копчето. Благодарејќи на металното куќиште, како и подобрата батерија и димензиите, но и тежината на уредот малку се променија на повеќе –141,9 x 69,9 x 8,3 милиметри и 138 грама („M3“: 141,5 x 69,5 x 8,3 милиметри и 132 грама).

„Meizu M3S“ пристигнува со оперативниот систем на компанијата „Flyme 5.1“, кој пак се темели на „Lollipop (5.1) Android“. Што се донесува до цената, на домашниот (кинескиот) пазар основниот модел (2GB/16GB) ќе чини околу 106 долари, a помоќниот модел (3GB/32 GB) oколу 136 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП