19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz откри кросовер на водород (фото+видео)

Mercedes-Benz откри кросовер на водород (фото+видео)

f-cell 00

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ уште на почетокот на годината најави дека развива кросовер кој ќе се напојува со водород. На крајот компанијата откри детали за моделот „GLC F-Cell“, кој е прв во светот водороден хибрид со можност за полнење од електрична мрежа.

f-cell 01

Со целосен литиум-јонски акумулатор, „Mercedes-Benz GLC F-Cell“ може да помине само на електрична енергија околу 50 километри. Вкупната транзиција на кросоверот со полни резервоари со водород е 500 км, а нивното полнење одзема не повеќе од 3 минути.

f-cell 03

Модификација е со заден пренос, а до крајот на годината таа ќе се појави на пазарите во Германија, Јапонија и САД. Во 2017-та година, возилото ќе биде предложено и во други земји. Речиси истовремено со него „Mercedes-Benz“ ќе предложи и целосно електрични „GLC“, кој со едно полнење ќе поминува исто околу 500 км.

f-cell 04

Двете верзии на кросоверот – водородиот и електричниот, ќе дебитираат пред публика на автосаемот во Париз во октомври. Тогаш ќе бидат познати и нивните цени, соопштија од компанијата производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП