24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајвредните брендови во светот за 2016-та година

Највредните брендови во светот за 2016-та година

brends  001

„Google“ ја врати лидерската позиција кај најскапите брендови во светот во рангирањето на „BrandZ“, откако поскапе за 32% во однос на една година порано или до 229 милијарди долари.

Минатогодишниот победник „Apple“ ја зазема втората позиција со 228.46 милијарди долари, а во однос на 2015-та година е забележан пад од 8 отсто.

Само уште четири брендови во светот се проценети на повеќе од 100 милијарди долари. Тоа се „Microsoft“ (121.8 милијарди долари), „AT&T“ (107 милијарди долари), како и „Facebook“ и „Visa“, чии проценки се односно 102 и 100 милијарди долари.

Вкупната проценка на 100-те најскапи марки во светот денес е 3,4 илјади милијарди долари, вредност која во однос на 2015-та година забележа раст 3%.

Најголем скок во оценката меѓу топ 20 забележаа технолошките компании „Amazon“ и „Facebook“, кои додале 59 и 44%, а социјалната мрежа се наоѓа во првите десет за прв пат во 11-годишната историја на листата. Сериозно зголемување забележа и друга популарна марка – „Starbucks“, која веќе е оценета на 43,5 милијарди долари или 49% повеќе во однос на една година порано.

Во топ 10, освен „Amazon“, се најдоа уште и „Visa“, „Verizon“, „McDonald’s“ и „IBM“. Единаесеттото место е за кинеската интернет корпорација „Tencent“, претекнувајќи ги „Malbroro“ и „Coca Cola“. Една од најголемите американски банки „Wells Fargo“ ја зазема 14-та позиција, а по неа остануваат „China Mobile“, „General Electric“, „UPS“, „Alibaba“, „Disney“ и „Mastercard“.

За да се најде во топ 100 на „BrandZ“, проценката на компанијата треба да е најмалку 10.44 милијарди долари.

brends  000

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП