2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоените трошоци на САД во 2017-та ќе изнесуваат 582,7 милијарди долари

Воените трошоци на САД во 2017-та ќе изнесуваат 582,7 милијарди долари

us army

Во 2017-та година САД ќе одвои 582,7 милијарди долари за воени потреби, пишува руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи го обраќањето на претседателот Барак Обама пред Сенатот и Претставничкиот дом.

Износот што ќе биде одвоен, е за 0,6% повеќе во однос на трошоците во оваа година. 523,9 милијарди долари ќе бидат за основниот буџет на Пентагон. Останатите средства ќе бидат насочени кон воени операции надвор од земјата, вклучувајќи и во Авганистан, Ирак и Сирија.

За борба против групата „Исламска држава“ ќе бидат одвоени 7,5 милијарди долари, или 50% повеќе во однос на оваа година. Предвидени се и средства за дејства против „Ал Каеда“, станува јасно уште од обраќањето на Обама.

Мал број воени експерти ќе им помогнат на властите во Нигер и Камерун.

Претходно Министерството за надворешни работи на Русија соопшти за телефонски разговор меѓу Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери.

Тие разговараа за ситуацијата во Сирија и можните заеднички активности против активните терористички организации, вклучувајќи ги и важечките „под маската на умерената опозиција“, станува јасно уште од пораката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП