4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаеднички настап на странски пазари на македонски ИТ компании со естонски

Заеднички настап на странски пазари на македонски ИТ компании со естонски

kom333

Меморандум за соработка за заеднички развој на ИТ проекти меѓу компаниjата „Нетгруп“ од Естонија и македонските компании „Инфинит солушнс“ и „ИТ Лабс ДОО“, во рамки на програмата на Владата за привлекување странски инвеститори, беше потпишан денеска во Скопје, во Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска истакна дека двете македонски компании и естонската компанија во иднина ќе можат да соработуваат на заеднички проекти, кои ќе ги пласираат на пазарите на балтичките земји и на европските пазари.

„Овa е релативно нов начин на соработка меѓу македонската влада со останатите влади и компании и не се работи само за странска инвестиција како што е браунфилд или гринфилд, купување на македонска компанија или отворање на филијала на некоја од странските компании во Република Македонија, туку се работи за дополнителна вредност на соработката, а тоа е дека македонските и естонските ИТ компании заедно ќе работат на развој на производи и на пласман на овие производи на странските пазари, со што ќе се овозможи трансфер на знаења, трансфер на технологии и учество во интелектуалната сопственост на овие развиени производи“, истакна Арсовска – Томовска.

Задоволство искажа и амбасадорот на Естонија, Даниел Ерик Шаер кој потенцираше дека потпишувањето на Меморандумот е доказ за квалитетот што го поседуваат ИТ програмерите во Македонија.

Во изминатиов период, Министерството за информатичко општество и администрација беше домаќин и организатор на средби меѓу претставници на естонската компанија „Нетгруп“ и повеќе македонски софтверски компании, кои требаше да спроведат одредени софтверски решенија. Избраните компании „Инфинит солушнс“ и „ИТ Лабс ДОО“ покажаа најдобар резултат во решавањето на поставените ИТ проблеми.  Процесот за избор на компаниите беше остварен преку заедничка соработка со Стопанска комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП