3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали посакувате да имате модуларен паметен часовник? (видео)

Дали посакувате да имате модуларен паметен часовник? (видео)

modul saat

Модуларните дизајни на мобилни телефони стануваат се популарни, а последните кои се приклучија на овој тренд се „LG“ и „Lenovo“.

Но што е со паметните часовници? Една компанија смета дека истата идеа може да се примени и кај нив.

„BLOCKS smartwatch“ со состои од компоненти како што се екрани, батерии и „SoC“, исто како проектот „ARA“, со тоа што со функционален ремен го прави навистина елегантен часовник.

Успешната „Kickstarter“ кампања ја започнаа кон крајот на минатата година, а приложеното видео го дава првиот знак дека концептот е веќе направен.

Демоснтраторот покажува часовник со речиси комплетирана форма кој е опремен со процесор „Qualcomm Snapdragon 2100 SoC“, специјално дизајниран за паметни часовници.

Од модулите се достапни дополнителна батерија, „LED“ лампа, систем за следење на ритамот на срцето, сензорен модул со мерач на температурата и притисокот.

Главното куќиште е метално, додека пак модулите се пластични.

Меѓутоа, демонстраторот во видеото не покажува како овој часовник функционира.

Инаку, часовникот веќе може да се нарача по цена од 330 долари (за основниот пакет со четири модули), а од „BLOCKS“ планираат со испораката да започнат од октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП