1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПанасоник ќе додели 10,000 откази

Панасоник ќе додели 10,000 откази

Јапонската компанија Панасоник се подготвува да додели 10,000 откази до крајот на март 2013 година.

На крајот од март завршува работната година на Панасоник, пренесуваат француските медиуми.

„Целта е да се намалат трошоците и да се подобри рентабилноста“, рече финансискиот директор на Панасоник, Хидеаки Каваи за Ројтерс. „На околу 100 опфатени погони, една петина губи пари“ наведува Каваи.

Во текот на претходната работна година, Панасоник веќе го намали бројот на вработени за 36,000, пред се со отстапување на деловни активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП