10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault го покажа новото Clio (фото)

Renault го покажа новото Clio (фото)

renault-clio-restylee-04

„Renault“ ги покажа првите фотографии на новото „Clio“. Станува збор за модернизација на четвртата генерација на моделот која ја видовме за прв пат пред околу 4 години.

Ажурирањето влијае, како на екстериерот и ентериерот, така и на палетата од погонски агрегати. Достапни се исто така нови детали и материјали, кои се превземени од повисоките класи на автомобили.

renault-clio-restylee-02

Дизајнот на надворешноста е само малку опфатен, бидејќи токму „Clio“ беше моделот, кој прв го претстави новиот и се уште актуелен дизајнерски јазик на француската марка. Модернизацијата на надворешноста вклучува различна решетка и оклоп, како и целосни „LED“ светла. Позади е променет дизајнот на браникот, додадени се три нови екстериерни бои – темно црвена, сива „титан“ и бела металик, како и нови бандажи и раткапни, плус една поширока програма за прилагодување.

renault-clio-restylee-03

Внатрешноста е променета во склад со употребата на материјали, кои претходно беа задржани само за луксузните модели на марката, тврдат од „Renault“. Сите тапацири се нови, посебно внимание беше посветено на визуелниот квалитет и чувството при допир и ефектот на пластиката. Хромираните елементи се исполнети во придушена, мат нијанса, а боите се повеќе истакнати.

Палетата од погонски агрегати вклучува два нови предлози – дизел 1.5-литарски dCi со 110кс мотор кој доаѓа со 6-брзински мануелен менувач, а како и бензинскиот TCe агрегат со 120кс со 6-брзински автоматски менувач.

renault-clio-restylee-00

Што се однесува до системите, обновениот „Clio“ може да биде опремено со два различни мултимедијални системи – „Media Nav Evolution“ и „Renault R-Link Evolution“. Исто така се достапни аудио систем „Bose“, широк спектар на системи за поддршка на управувањето, сензори за паркирање, камера за возење наназад, технологија за автоматско паркирање и многу други.

renault-clio-restylee-01

Нарачките почнуваат ова лето, а моделот ќе се појави на улиците во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП