18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa Cargo планира да отпушти до 800 работници

Lufthansa Cargo планира да отпушти до 800 работници

lufthansa_cargo222

Логистичкиот оддел на „Deutsche Lufthansa AG“ планира да скрати до 800 работни места во светски рамки, за да ги намали уште трошоците и за да се натпреварува подобро со своите конкуренти во Блискиот Исток, пишува „MarketWatch“.

„Lufthansa Cargo“ каде што работат околу 4.600 лица во глобални рамки, размислува на намалувањето до 450-500 позиции во Германија и други 250-300 во странство во следните години.

Според портпаролот на единицата, овој чекор ќе помогне за намалување на трошоците за 80 милиони евра.

Соопштението доаѓа откако минатата недела од бизнисот на „Lufthansa“ со кетеринг информираа дека размислуваат за отпуштање на до 2.400 лица во Европа во следните пет години. И тука целта е да се помогне на авиокомпанијата во нејзината борба со нејзините нискотарифни конкуренти и превозниците од Блискиот Исток. Околу 1.700 од овие работни места ќе бидат само во Германија.

Во мај „Lufthansa Cargo“ ја намали прогнозата за финансиските резултати, откако забележа пад на приходите и профитот во првиот квартал, а како причина за тоа ја обвини слабата побарувачка и презаситеноста.

Логистичкиот оддел сега очекува годишната добивка пред камати и даноци да биде значително под минатогодишните 74 милиони евра во однос на претходната прогноза за мал раст.

Во мај главниот финансиски директор на „Lufthansa“, Симон Мене предупреди дека може да се потребни уште структурни промени во единицата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП