24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: УЕФА ќе го позлати шампионот

График на денот: УЕФА ќе го позлати шампионот

ep sostavi 33

Европскиот шампион во фудбал може да заработи до 27 милиони евра при максимално остварени победи пресметува „Ројтерс“. Првенството е со награден фонд од 301 милиони евра, а и секоја репрезентација ќе добие 8 милиони евра за учеството.

Победа во групната фаза ќе носи по 1 милион евра, а ремито – 500.000 евра. Има бонуси за постигнување во секоја од следните фази. Победникот во финалето ќе заработи 8 милиони евра, а поразениот 5 милиони евра.

Овогодинешната трка ќе е најголемата досега, поради тоа што во неа учествуваат дури 24 екипи кои ќе одиграат 51 натпревар – на десет локации во земјата.

„Stade de France“ е најголемиот стадион со капацитет од 80 илјади гледачи, додека „Stade Municipal“ во Тулуз е најмалиот со капацитет од 33 илјади. Просечниот капацитет на стадионите од Евро 2016 година е 48.800, а во просек на секој ќе се одиграат по 5,1 натпревар.

epgrafik 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП