3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon подготвува самостојна музичка услуга?

Amazon подготвува самостојна музичка услуга?

amazon fulll

„Amazon“ ги разгледува плановите за претставување на самостојна музичка услуга, различна од програмата за претплата „Prime“, заедно со издавачките куќи, тврди запознаен извор за „Bloomberg“.

Технолошкиот гигант засега нема постигнато трансакции, вели изворот, кој побарал анонимност поради доверливост на информациите. Музичка услуга за 9,99 долари месечно може да биде претставена во следните месеци, соопшти и „Ројтерс“ во петокот, повикувајќи се на двајца запознаени извори.

Иако „Amazon“ си изградил голем каталог од музика, достапен за претплатниците на „Prime“, кои плаќаат по 99 долари годишно за бесплатна испорака во рок од два дена и други добра, одделната услуга може да и помогне на компанијата да понуди широк спектар од нова песни.

Услугата можеби ќе се поврзе и да се активира со гласовниот уред „Echo“ на „Amazon“, кој нуди музички стриминг дома, меѓу другите услуги.

Засега од „Amazon“ не одговорат на барањата за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП