20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia подготвува кросовер врз база на Rio (фото)

Kia подготвува кросовер врз база на Rio (фото)

kiakross 00

„Kia“ е во финална фаза на создавање на кросовер од сегмент „B“, чија премиера треба да се случи најдоцна во почетокот на 2017-та година. Ова го открива изданието „Motoring“ кое го цитира шефот на австралиското единица на производителот, Демијан Мередит.

Според зборовите на топ менаџерот целта на Корејците е компактниот „SUV“, кој ја користи базата на хечбекот „Rio“, да биде подготвен за следниот автомобилски салон во Детроит. Новиот кросовер ќе се нуди во целиот свет, со исклучок на Кина и Русија. За таму брендот подготвува друг, сосема различен автомобил.

kiakross 01

Малиот кросовер на „Kia“ ќе добие дизајн во стилот на концептот „Provo“, кој дебитираше на саемот во Женева во 2013-та година. Продажбата ќе стартува следното лето, а главните конкуренти ќе му бидат „Mazda CX-3“, „Toyota C-HR“ и „Honda HR-V“.

Засега нема информации за моторите кои ќе ги користи моделот. Тие се очекува исто така да бидат позајмени од следната генерација на „Kia Rio“, чија премиера е предвидена за 2017-та година. Компактниот хечбек ќе добие и верзија „GT“, која располага со мотор со моќност од 180 КС.

kiakross 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП