17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеакција на Оне.Вип во однос на наводите за наводно зголемување на цените...

Реакција на Оне.Вип во однос на наводите за наводно зголемување на цените на услугите

one.vip_logo-600x400

Телекомуникацискиот опаратор Оне.Вип излезе со реакција по информациите во кои се вели дека цените на услугите се поскапени по спојувањето на Оне и Вип во една компанија.

“Со цел веродостојно да ја информираме јавноста и да ги расветлиме дилемите кои беа предизвикани кај корисниците и пошироката јавност со изјавите на Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, дадена на 8 јуни 2016г., каде беше наведено (како што пренесоа медиумите) дека има зголемување на просечната цена за минута разговор во мобилната телефонија и на мобилниот интернет, ве молиме да ја пренесете реакцијата на оне.Вип, како и посочените факти:

  • Со оглед на фактот што не ни е позната методологијата според која е пресметано наводното зголемување на цените, во овој момент можеме само најодговорно да изјавиме дека нема покачување на малопродажните цени на тарифите во Вип брендот.
  • Тарифните модели кои беа достапни за корисниците и пред спојувањето на компаниите се достапни и понатаму. Тоа е во согласност со Одлуката на Комисијата за заштита на конкуренција, но и со стратешката определба на компанијата да креира понуда што ќе генерира нов, дополнителен квалитет за корисниците и во исто време го стимулира пазарот кој во моментов покажува стагнација.
  • Со комерцијалната интеграција на брендовите нема промени во договорите склучени досега. Корисничките договори остануваат целосно важечки со истите бенефиции, права и обврски се до нивната промена или раскинување од страна на самите корисници. Корисниците продолжуваат да ги користат услугите под истите услови под кои ги имаат склучено своите договори, со истите цени согласно избраниот тарифен модел.
  • Со оваа комерцијална интеграција, која се случи на 11 мај 2016г. корисниците добиваат уште повеќе бенефиции и сите бесплатни минути за разговори можат да ги користат кон многу поголема заедница. Со комерцијалната интеграција Вип прерасна во вистински конвергентен бренд нудејќи им на своите корисници широк асортиман на квалитетни услуги по најоптимални цени на пазарот, најдобро корисничко искуство во сите сегменти со што ќе го реализира ветувањето Повеќе за вас.
  • Согласно преземените обврски на оне.Вип, најдоцна до 30 јуни ќе започне со работа Лајка мобајл во улога на целосен мобилен виртуелен мрежен оператор”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП