20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако најсигурно и најбрзо да ги оплодите слободните финансиски средства?

Како најсигурно и најбрзо да ги оплодите слободните финансиски средства?

fondovi33

Иако живееме во динамично и турбулентно време, со бројни стресови и предизвици,  случувањата во нашето поблиско или подалечно опкружување не треба да бидат оправдување за да бидеме пасивни и да ги испуштаме финансиските можностите кои постојат и ни се на дофат.

Целта на секој бизнис е да расте, да биде солвентен, прогресивен. Во такви околности управителите на компаниите и финансиските менаџери постојано треба да изнаоѓаат сигурни решенија за максимимизирање на приходите од работењето и финасиските приходи на компаниите. Иако, не секогаш имаме големи износи на слободни тековни средства на нашата сметка, но со добро планирање на приходите и расходите можеме да ги предвидеме нашите финансиски текови, и активно да управуваме со слободните средства. Повисокото оплодување на средствата е секогаш приоритет.

Кои ни се опциите? Средствата да стојат неактивни на трансакциона сметка, да ги  орочиме во банка и притоа да ни бидат врзани извесен период, или пак да ги искористиме можностите на паричниот фонд КД преку нивниот финансиски производ кеш депозит, кој претставува алтернатива на класичните банкарски депозити. Сите овие опции се максимално сигурни опции за вложување. Разликата е што со “кеш депозитот”од КД Фондови депонираните средства се слободни за користење, односно не се орочуваат за определен период, повратот на трансакциска сметка може да се направи за еден работен ден по поднесеното барање за исплата, а притоа се остварува камата како да се орочени. Каматата е значајно повисока од каматата по видување за средствата кои одлежуваат на трансакциска сметка, па дури и повеќе од тоа. Средсвата од повеќе компании, индивидуи се спојуваат и се пласираат во повеќе различни депозити и други парични инструменти на домашниот пазар, со можност да се оствари поголем принос.

Ризик речиси и да не постои! Временскиот период препорачлив за вложување во фондот не е ограничен, односно зависи од индивидуалните преференции. За користењето на овој производ, освен стандардните банкарски провизии за трансфер на средствата, од клиентите не се наплатуваат никакви дополнителни трошоци.

Освен за компании, овој производ е поволен и за физички лице кои треба само да имаат документ за лична идентификација (лична карта или пасош) и трансакциска сметка.

http://www.kdfondovi.mk/?subpageid=2423.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП