3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Од каде доаѓаат сајбер заканите?

График на денот: Од каде доаѓаат сајбер заканите?

sajberite

Сајбер нападите се постојана закана за бизнисот во светот, поради кои се трошат огромни суми пари за да се заштитат. Сликата на криминалец, кој се наоѓа во својата соба и опкружен план, преовладува во сознанијата кога размислуваме за хакерите и сајбер криминалците, коментира „Statista“.

Додека во 2015-та година 40% од нападите дошле од надворешни лица, излегува дека сепак изненадувачки 60% всушност биле спроведени од внатрешни лица во компанијата.

„IBM“, која претстави податоци врз основа на информации од над 8.000 уреди меѓу своите клиенти, открива дека иако 15,5% од овие „напади“ дека биле предизвикани ненамерно, други 44,5% биле малициозни.

Дефиницијата за внатрешен човек е некој кој имал физички или далечински пристап до средства на компанијата. „IBM“ вели дека иако тоа најчесто е вработен тоа вклучува и бизнис партнери или извршени од луѓето за одржување – луѓе во кои се има доволно голема доверба, за да им даде пристап до системот.

Внатрешни лица не само што имаат сличен пристап, но и може да ги познаваат слабостите на бизнисот и да ги користат поефикасно, отколку еден надворешен агент што има можност.

sajberite1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП