9 декември, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот смартфон на Lenovo со Google Tango (фото+видео)

Првиот смартфон на Lenovo со Google Tango (фото+видео)

le tango 333

„Lenovo“ го претстави првиот паметен телефон со додадена реалност. Уредот се нарекува „Phab 2 Pro“ и ја користи технологијата за додадена реалност „Project Tango“, која веќе ќе е позната како „Google Tango“.

Телефонот има 6,4-инчен екран со 4K резолуција. Тој користи процесор „Qualcomm Snapdragon 652“. Уредот има уште 16МР камера, 4GB RAM меморија и вградена батерија со капацитет од 4.000mAh.

le tango 334

Најинтересен дел на „Phab 2 Pro“ е „Google Tango“. Технологијата ја користи секундарната камера во телефонот кој е со широкоаголен објектив и сензор за длабочина.

Со неа телефонот може да „истражува“ простории, да следи објекти и да додава виртуелни предмети. Првите апликации за „Tango“ се на американскиот природонаучен музеј. Има и игра за виртуелно домино и друго. Првично ќе има околу 25 апликации, но „Lenovo“ очекува до крајот на годината тие да се над 100 и сите максимално да ги користат можностите на додадена реалност на „Tango“.

le tango 335

Телефонот ќе чини 500 долари, а се очекува да почне да се продава во есен. Очекувањата се дека наскоро технологијата ќе е доволно развиена за да се користи и од помали уреди. „Phab 2 Pro“ е првиот обид на „Tango“ во реалниот свет, по неколку години прототипови и тестови од страна на „Google“, а потоа и „Lenovo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП