30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСорос: Ако Британија излезе, колапс во ЕУ е неизбежен

Сорос: Ако Британија излезе, колапс во ЕУ е неизбежен

gs

Угледниот инвеститор Џорџ Сорос во четвртокот рече дека “Brexit” може да доведе до колапс на Европската унија, но тој верува дека поддршката за останување на Британија во унијата ќе порасне до референдумот на 23 јуни.

Сорос во интервју за “Wall Street Journal” кажа дека може да дојде до колапс на ЕУ поради миграциската криза, предизвиците на Грција како и излезот на Британија од унијата.

“Ако излезе Британија тоа може да предизвика општ егзодус, а распадот на Европската унија би бил неизбежен”, рече Сорос.

Но, истакна и дека јакнењето на фунтата во последно време сигнализира дека излез на Британија од ЕУ е малку веројатен.

“Уверен сум дека со приближување на референдумот силата за останување во ЕУ ќе биде поголема. Пазарите не се секогаш во право, но во овој случај се сложувам со нив”, кажа Сорос.

Овој познат инвеститор се прослави во 1992 година со “кладење” дека британската фунта е преценета во однос на германската марка, така што кулминираше во паника на пазарите на таканаречената “Црна среда”, што тогашниот британски премиер Џон Мејџор беше присилен да ја извлече фунтата од Европскиот девизен механизам.

Поради тоа британската валута девалвираше, а Сорос по проценките заработи повеќе од милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП