26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМБ: Вест на денот, понуда за преземање на Макпетрол

МБ: Вест на денот, понуда за преземање на Макпетрол

makpetrol-benzinska

На Македонската берза за хартии од вредност во четвтокот беше објавена информација дека на 09.06.2016 година во дневниот весник „Утрински весник“, на страна 19, е објавена Намера за преземање на Макпетрол АД Скопје од страна на друштвото „Balkan Petroleum Holding Limited“ од Лондон, Велика Британија, по цена од 25.908 денари за една акција.

Исто така, на Македонската берза за хартии од вредност беше објавена и информација од страна на Макпетрол АД Скопје дека „На 08.06.2016 година во архивата на Макпетрол АД Скопје доставен е допис насловен како „намера за преземање“.

„Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје на седница одржана на 09.06.2016 година го разгледа дописот и констатира дека по истиот не може да постапува од причини што не е доставено полномошно за поднесителот и потребната документација за идентификација на лицето кое има намера за превземање согласно Законот за превземање на акционерските друштва“, се наведува во објавата на македонската нафтена компанија.

Акцијата на Макпетрол во четвртокот беше истргувана во износ од 30 лотови, односно целата понуда во моментот, со тоа што на страна на понудата немаше повеќе акции, додека, пак, од страна на побарувачката се поставија налози и со пазарна цена. Вредноста на акцијата се зголеми за 6,50 отсто.

Сите истргувани хартии од вредност поединечно остварија промет под еден милион денари, а првите две места беа резервирани за акциите на Алкалоид АД и Комерцијална Банка АД.

Индексот МБИ10 порасна за 0,89 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП