10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYahoo продава дел од патентите за 1 милијарда долари

Yahoo продава дел од патентите за 1 милијарда долари

yahoo (1)

„Yahoo“ ќе продава околу 3.000 свои патенти на аукција, пишуваат медиумите. Патентите ќе се продадат на аукција, така што компанијата сака да добие околу 1 милијарда долари за нив.

Таа веќе испратила писма до потенцијалните купувачи, во кои им ги претставува патентите. Покрај тоа ангажираше и инвестициска банка, која е специјализирана во продажба на патенти, за да ја одржи аукција.

Портпарол на „Yahoo“ потврди дека компанијата всушност има такви планови. „Ова е единствена можност за компаниите кои се во интернет индустријата, да се здобијат со некои од најиновативните и фундаментални патенти кои се поврзани со интернет пребарувачите и онлајн рекламирањето“, коментираат од „Yahoo“.

Меѓу патентите има за развој во онлајн трговија, како и технологија која ја анализира содржината на интернет страниците и избира реклами соодветни за нив. Токму поради оваа технологија „Google“ и „Yahoo“ имаа судски спор пред неколку години. На крајот во 2004-та година компаниите се договорија дека „Google“ ќе му даде на „Yahoo“ свои акции во вредност од 300 милиони долари во замена за дозвола за користење на технологијата.

Покрај тоа „Yahoo“ продава и 500 патенти и 600 барања за патенти на технологии кои ги користат во своите услуги. Засега не е јасно колку компании пројавиле интерес да учествуваат на тендерот. Одлуката на „Yahoo“ да ги продаде патентите е дел од стратегијата на компанијата да се раздели со сè што смета за непотребно, и со реконструкцијата да се фокусира само врз јадрото на услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП