17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОваа модификација на 488 GTB има 772 коњски сили

Оваа модификација на 488 GTB има 772 коњски сили

nr-ferrari-488-gtb-1s

Повеќето потенцијални купувачи на суперавтомобили, најверојатно размислуваат дали новиот предлог на италијанскиот производител на суперспортски автомобили „Ferrari“ – во лицето на моделот „488 GTB“, ќе одговара на сите нивни барања.

На крајот што повеќе може да посакуваш од суперавтомобил на луксузната марка со моќност од 660 КС?

nr-ferrari-488-gtb-2s

И сепак за оние кои сметаат дека овие коњски сили не се доволни, доаѓа специјалната модификација – „488 Sinister“ со моќност од 772 КС. Таа е дело на германската тунинг компанија „Novitec Rosso“.

Суперавтомобилот е со максимална брзина од 340 км/ч и дефинитивно ќе ги задоволи вкусовите речси на сите. Надградба на моделот е во две главни насоки – презентацијата на моторот и аеродинамичниот дизајн.

nr-ferrari-488-gtb-3s

За оние кои не сакаат да ги користат сите 772 КС цело време, постои едно едноставно решение. Може да ги исклучат дополнителните 112 КС со едно притиснување на копче на воланот.

Иако цената на тунинг модификацијата да не беше обелоденета, купувачите ќе треба да посегнат по барем 250.000 долари (колку што стартува новиот „488“), според експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП