4 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСопствениците на iPhone се подолго ги чуваат своите стари уреди

Сопствениците на iPhone се подолго ги чуваат своите стари уреди

star ajfon 22

Едно истражување во САД покажа дека е зголемен бројот на оние кои при надоградбата на софтверот имале постар модел на „iPhone“, oдносно дека се помалку корисници се одлучуваат веднаш да купат нов модел по неговото појавување на пазарот.

Истражувањето на навиките на потрошувачите покажува дека пред три години 34 отсто „iPhone“ уреди биле постари барем две години пред да бидат заменети.

Меѓутоа, по 2014-та, тој процес се искачи на околу 50 проценти.

„Apple“ како втор производител, се потпира на продажбата на нови купувачи, но и на верните корисници кои одлучуваат да го надоградат својот уред.

Со цел да ги задржи, компанијата од година во година претставува новитети кои треба да бидат надоградени, а резултатите од истражувањето спроведено на 3000 корисници на уредите на „Apple“ покажува дека ритамот на надоградба е со побавно темпо.

„CIRP“, која го изврши истражувањето, наведува две можни причини за оваа појава – помалку големи иновации и промена на тарифните пакети во САД, во рамките на кои луѓето ја плаќаат целата цена на уредите, но неможат порано да го заменат и намалат цената на новиот, пренесува „Cnet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП