Кинеските смартфони речиси целосно доминираат во листата на смартфони со најдобри перформанси во мај според тестовите на популарниот репер „AnTuTu“.
Трите смартфони во рангирањето, кои остварија најмногу поени во тестовите на изданието за месец мај се – „Vivo Xplay 5 Elite“, „LeEco Max 2“ и „Lenovo ZUK Z2 Pro“. И трите се со речиси идентични конфигурации, како располагаат со чипот на „Qualcomm – Snapdragon 820“, како и 6 GB RAM меморија.
Интересен е фактот дека на следните две места – четврто и петто, повторно се смартфони со истиот процесор „Snapdragon 820“, но имаат 4 GB RAM меморија.
Еве и колку точно е разликата во дополнителните 2 GB RAM меморија, која може да се види од табелата подолу:
Трите смартфони со 6GB RAM меморија собираат во просек 137.861 точки од тестовите, додека моделите „Xiaomi Mi 5“ и „Samsung Galaxy S7“ собираат во просек 135.686 поени. Тоа е разлика од само 1,6% во поените која тешко може да се дефинира како значајна. Од друга страна, повеќето RAM меморија ќе им овозможува на корисниците да работат истовремено со повеќе апликации, без тоа сериозно да ги забавува уредите – факт кој, не се зема сериозно во предвид при рангирање.
Друго интересно нешто што станува јасно од табелата, е дека моделот „iPhone SE“ е помалку продуктивен од моделот „iPhone 6s“. И двата модели користат ист чип и имаат иста количина на RAM меморија. Сепак постои значајна разлика во резолуцијата. Четири инчниот екран на моделот „iPhone SE“ има резолуција од 640 x 1136 пиксели, додека 4,7-инчниот „iPhone 6s“ има резолуција од 750 x 1334 пиксели.