17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои се највредните автомобилски брендови во светот?

Кои се највредните автомобилски брендови во светот?

An employee works at an assembly line in the Toyota manufacturing plant in Sakarya

Неодамна „Toyota“ ја предводи листата на „Forbes“ за најскапите автомобилски марки во светот. Сега јапонскиот гигант е ставен на првото место и во рангирањето „BrandZ Top 100“, составено од познатата американска консултантска компанија „Millward Brown“.

„Toyota“ е проценета на 29,501 милијарди долари, или раст од 2% во однос на минатогодишниот резултат, кој исто така беше доволен за првото место. Всушност „Toyota“ го предводи автомобилското рангирање цели 9 пати во 11-годишната историја.

На второ место меѓу автомобилските марки е „BMW“. Вредноста на германскиот бренд е 26,837 милијарди долари, што е подобрување со исто 2% во однос на минатата година.

car 10 top

Најсериозен раст во споредба со минатата година покажува брендот „Mercedes-Benz“ – со 4% до 22,708 милијарди долари, па така ја зазема позицијата број три.

Во листата следат „Honda“ (13,195 милијарди долари), „Ford“ (13,084 милијарди долари), „Nissan“ (11,479 милијарди долари), „Audi“ (9 497 милијарди долари) и „Land Rover“ (4,732 милијарди долари), како и „Porsche“ (4,438 милијарди долари) и „Tesla“ (4,436 милијарди долари), кои дебитираат во рангирањето. Американскиот производител на електрични автомобили ја зазема десетата позиција, преземајќи ја од „Lexus“.

Интересно, но во топ 10 недостасува брендот „Volkswagen“.

Лидер меѓу сите марки во „BrandZ Top 100“ е „Google“, а зад него се „Apple“ и „Microsoft“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП