Tимот на „Googlе“ за развој на вештачката интелегенција (AI) работи на „големото црвено копче“ кое ќе ги сопре сите роботи во случај еден ден да станат закана за човештвото, објави „DailyMail“.
Бројни експерти ширум светот, вклучувајќи ги Стивен Хокинг, Илон Маск и Бил Гејтс, сметаат дека „AI“ еден ден би можела да стане доволно моќна и да го доведе во прашање опстанокот на човековиот род.
Поради таа причина, одделот на „Google“ – „DeepMind“ работи на развој на систем со кој ќе се запрат компјутерите во случај да се реализира сценариото на судниот ден.
„DeepMind“, авторот на првиот софтвер во историјата кој во јануари оваа година успеа да го победи шампионот во друштвената игра „go“, и со победата потврди дека во март ќе го совлада и азискиот шампион, наведува дека има решение за потенцијална опасност – копче за исклучување.
Истражувачите Лорент Орсо од „Deep Mind“ и доктор Стјуарт Армстронг од Оксфордскиот институт за иднината на човештвото, објаснија дека шансите да се случи такво нешто се многу мали.
„Со текот на времето можеби ќе биде неопходно човековите оператори да го притиснат големото црвено копче со цел да ја спречат штетната последица од софтверски акции. Во тој случај, клучно ќе биде безбедно да се онеспособи софтверот“, наведуваат експертите.
„На тој начин ќе се воспостави контрола над непослушните роботи или дури би можеле повремено да се користат за извршување задачи за кои не се обучени. Сепак, се уште не се знае дали сите алгоритми на светот можат да бидат стопирани на овој начин“, признаваат авторите.
Доктор Армстронг верува дека компјутерите еден ден ќе функционираат со брзина која ќе биде неразбирлива за човештвото и дека ќе почнат да ја прескокнуваат комуникацијата со значително побавните луѓе.
Oваа појава ќе резултира со тоа дека компјутерите ќе ја превземат контролата на полето на финансиите, транспортот, здравството, итн.