7 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Копа Америка и Евро 2016 во бројки

График на денот: Копа Америка и Евро 2016 во бројки

copa-america-euro-2016

Фудбалското првенство во Јужна Америка веќе започна, а европското ќе стартува оваа недела. Дали сепак си наликуваат овие две натпреварувања?

Фудбалското првенство на Јужна Америка – Копа Америка, обично се случува на секои четири години и иако минатата година веќе се одржа, трката за титулата се враќа и во 2016-та година по повод стогодишнината на „CONMEBOL“ – јужноамериканската фудбалска конфедерација.

Првиот натпревар беше на 4-ти јуни меѓу САД и Колумбија, кој заврши со победа за јужноамериканската земја, коментира „Statista“. Фудбалот сепак ќе биде главна тема и од другата страна на Атлантикот, откако на 10-ти јуни започнува и Европското првенство во фудбал.

Кои се сличностите меѓу двете натпреварувања?

Графиконот денес претставува токму споредба помеѓу двете првенства. Тој покажува дека има сериозна разлика меѓу просечната цена за фудбалерите во првенствата. Додека во Копа Америка фудбалерите чинат во просек по 5,80 милиони долари, на Евро 2016 цената е речиси двојно повисока – 10,09 милиони долари.

За сметка на тоа, сепак најскапиот фудбалер доаѓа токму од Јужна Америка – Лионел Меси, кој се проценува на 134 милиони долари. Најскапиот играч во Европа пак е Кристијано Роналдо со оценка од 123 милиони долари.

Европското првенство повторно ја враќа лидерската позиција од гледна точка на највредниот тим, имено Германија со 629,4 милиони долари. Во Јужна Америка тоа е Аргентина со оценка од 591,5 милиони долари.

Неприкосновен лидер од гледна точка по бројот на освоени првенствата сепак е Уругвај со цели 15. На натпреварувањето на Стариот континент првото место според тој показател го делат Шпанија и Германија – секоја со по три титули.

copa-america-euro-20161

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП