2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Twingo излезе во верзија GT (фото+видео)

Renault Twingo излезе во верзија GT (фото+видео)

gt twingo 00

„Renault“ претстави „надуена“ модификација на компактниот хечбек „Twingo“, која за разлика од својот претходник не се нарекува „RS“, туку „GT“. Дебито на возилото пред публика ќе се одржи на Фестивалот на брзината во Гудвуд (В.Британија), кој започнува на 23-ти јуни.

gt twingo 01

Технички „Twingo GT“ целосно ги повтори најмоќните верзии на „Smart“, подготвени од работилницата „Brabus“. И двата модели се изградени на истата шасија, развиена со заеднички напори на компаниите „Renault“ и „Daimler“, па поради тоа споделуваат околу 70% заеднички компоненти.

gt twingo 02

Така новата „надуена“ верзија на „Twingo“ е опремена со 3-цилиндричен бензински мотор со зафатнина од 898 кубни см, развива моќност од 109 КС и 170 Нм вртежен момент. За разлика од моделот на „Smart“, кој се нуди само со 6-брзински автоматски менувач со 2 спојки, автомобилот на „Renault“ е достапен само со рачен менувач.

gt twingo 03

Засега не се познати динамичките карактеристики на новата модификација, но се очекува забрзување од 0 до 100 км/ч кај неа да трае под 10 секунди.

gt twingo 05

Покрај тоа „Twingo GT“ што е со заден пренос, добил и агресивен дизајн со дополнителни отвори за воздух, спуштена суспензија, прилагоден систем за стабилизација, 17-инчни бандажи и различен издувен систем со две цевки на задниот браник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП