6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарите и Романците од јуни без ограничувања за работа во Швајцарија

Бугарите и Романците од јуни без ограничувања за работа во Швајцарија

svic 333

Граѓаните на Бугарија и Романија од 1-ви јуни имаат исти права за работа во Швајцарија како и другите граѓани на ЕУ, пренесува Balkan Insight.

Швајцарската влада ги укина ограничувањата за работниците од двете балкански земји, откако на 31-ви мај истече седумгодишниот преоден период за договорот за слободно движење меѓу ЕУ и Швајцарија, кој се применуваше од 2009-та година.

Преодните ограничувања им дозволуваа на бугарските и романските граѓани да добиваат дозвола за работа само под одредени услови, односно по систем на квоти и со контрола врз нивната плата и работни услови. Како единствена земја од ЕУ за која важат овие ограничувања сега остануваат за најмладата членка на Унијата – Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП